Успешно заврши 19. издание на Скопски филмски фестивал

01.05.2016 15:46
Успешно заврши 19. издание на Скопски филмски фестивал

Скопски филмски фестивал со задоволство соопштува дека со вчерашните проекции на филмовите „Креативна контрола“ во кино Милениум и „Вита актива, духот на Хана Арент“ и дискусија на тема „Како се банализира злото“, во кино Фросина, успешно заврши 19. издание на фестивалот.

Годинава на Скопје филм фестивал беа прикажани 77 филмови од најновата продукција на светската, европската и македонската кинематографија, поделени во 8 различни програми, внимателно избрани од селекторите Татјана Јаневска, за програмата Авторски филм, познатиот филмски критичар Владан Петковиќ од Србија за програмата Кратки филмови и гостинот од Франција, Навид Сарем, кој ја направи селекцијата за програмите Фокус на францускиот филм и Панорама на светскиот филм. Покрај овие прогарами беа прикажани и селекциите: Гала програма, Македонска продукција, Фокус на тајвански филм и Ретроспектива на филмовите на Педро Алмодовар.

Имаше скопска премиера на новиот македонски игран филм „Лазар“, на режисерот Светозар Ристовски, актерот Ведран Живолиќ од Хрватска беше гостин на фестивалот заедно со директорот на фотографија Дејан Димевски и монтажерот Атанас Георгиев, како дел од екипата на филмот.


Премерно беше прикажан македонскиот краток филм „Борба за смрт“ на режисерката Елеонора Венинова, како и уште 9 кратки филмови од најановата продукција на македонски кратки филмови, во рамки на програмата Македонска продукција.


Специјални гости на Скопје филм фестивал беа Навид Сарем, од Франција истаканат професионалец во европската филмска индустрија, хрватскте актери Ведран Живолиќ и Горан Навојец, бугарската актерка Красимира Кузманова, шведскиот режисер Карл Абрахамсон, актерката Лин Спаренборг од Шведска, Љупчо Темелковски, македонски режисер кој живее и работи во Германија.

А посветеноста на Скопје филм фестивал на промоцијата на современата француска кинематографија ја поздрави и амбасадорката на Република Франција, во Македонија, госпоѓа Лоренс Оер.
пристигна во Скопје специјално за фестивалоА соработката на Скопје филм фестивал со францускиот културен центар ја поздрави и амбасадорката на Република Франција, госпоѓа Лоренс Оер.

Во рамки на програмата на Скопје филм фестивал се одржа првиот Инфо ден на програмата МЕДИА.
Со цел да се информираат и да им се даде поддршка на македонските филмски професионалци и другите заинтересирани во изготвувањето на апликации за потпрограмата МЕДИА Креативна Европа, а по повод отворањето на Канцеларијата во Агенцијата за филм на РМ, која ја води Владимир Стојчевски, беше одржана презентација на програмата МЕДИА за можностите за македонските продуценти да се вклучат во оваа програма.

Во рамки на фестивалот Мастер клас/работилница за експериментален филм одржа шведскиот режисер Карл Абрахамсон.

Работилница за филмска музика одржа македонскиот композитор Игор Василев Новоградска.

Во соработка со Дебатно кино „Контра кадар“ се одржа дебата и проекција на филмот документарниот филм „Вита актива, духот на Хана Арент“ (2015). На дебатата на тема „Како се банализира злото“, во кино „Фросина“, гостинка беше проф. Мирјана Најчевска, а дискусијата ја водеше Слаѓан Пенев.

Скопје филм фестивал им изразува благодарност на Агенцијата за филм на Република Македонија, на своите помагатели, на медиумските спонзори, на киното Милениум, Фросина, на Кинотека на Македонија и најмногу на публиката.

Фотографии: Снежана Алексовска и Јована Савевска