Не сакам да го слушам она: „сите се исти“

01.05.2016 18:39
Не сакам да го слушам она: „сите се исти“

Јасмина Дуриќ со партизаните од НОБ на протест пред СЈО на 25 април (Фото: Ванчо Џамбаски)

Сериозно не сакам да го слушам она: „сите се исти“ или „кој и да дојде исто ќе биде“. Не е исто и нема да биде исто.

Јас бев вработена во време на СДСМ, без мито, без корупција, без партија, луѓето ме вработија како процент – Бошњак и жена – имаше место за влез во Армија. Од 2003 г. „лајам“ по сите гарнитури, за Бранко зборував и викав дека е алкохоличар и наркоман – никогаш никој не ми се јавил да ме опомене дека ќе ме отпушти, прекомандува или да припазам што зборувам и кого напаѓам (посебно што во нивно време бев вработена). Никогаш никој не ми се јавил од нивниот штаб да одработувам за партија зашто тогаш сум се вработила.

Исто беше и со Љубчо, зборував дека е шизофреничар, нездрав – никогаш никој не ме опоменал, ниту прекомандувал.

Вчера добив таква прекоманда, таква хајка била во Министерство за одбрана – вклучени високи воени и цивилни структури се бавеле со мене – референт, воедно и ракувач во МО (најниска позиција): како да ја примам наредбата пред Велигден во 16 ч. за побрзо да поминат 8 дена за жалба и во среда да се јавам на работа во Кичево. Повторувам: ВИСОКИ СТРУКТУРИ се бавеле со мене, зашто протестирам. Одлучиле мене од Скопје да ме стават во Кичево зошто таму имало потреба од мене. Мене – која имам убаво CV како социјален работник-психотерапевт, да работам во кујна, односно магацин за храна.

На времето водев истражувања и имав идеи како да им се помогне на семејствата на мировниците кои одат во мисии, но НЕ – тоа не го сакаа зошто не сум од „нивните“. Системот одлучи да бројам лажици во магацин.

Затоа не се сите исти. ВМРО-ДПМНЕ, односно Груевски, Хорхе, Началникот се најголемо зло за човештвото. Се бават со ситна боранија – референти за да заплашуваат народ.

Тоа во ниедно време во овие 12 години колку што работам во Министерство никој не го правел.

Извор: slobodna.mk

ОкоБоли главаВицФото