Нов мега проект на Груевски: Од Македонија во Белизе за нов почеток

02.05.2016 10:09
Нова мега проект на Груевски: Од Македонија во Белизе за нов почеток

Скопје, 2 мај 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, токму на денот на еден од најголемите христијански празници промовираше нов проект насловен како „Од Македонија во Белизе за нов почеток“. Се нуди голема помош за сите оние кои ќе донесат одлука да се преселат во даночниот рај Белизе, а условот да ви биде одобрена емиграција е да сте направиле некаков финансиски криминал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски потенцира дека предност ќе имаат истакнатите членови и најтесното раководство на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. На овие лица ќе им биде понуден исклучително поволен пакет мерки и бенефиции кој опфаќа недостапност за органите на прогонот во Македонија, ново државјанство, куќа на плажа, безбедно чување на незаконски стекнатите пари во државната банка на Белизе и неработење до крајот на животот.

Оваа мерка на почетокот од проектот можат да ја искористат само лица кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од десет години. Мерката можат да ја искористат и оние кои се дел од потесното раководство на споменатата политичка партија. Се планира да се прошири списокот на лица кои ќе можат да се пријават за емиграција во Белизе, држава во Средна Америка со која Македонија нема потпишано договор за екстрадиција на осомничени за финансиски криминал. Единствен услов вашето барање да биде одобрено е да сте направиле некаков финансиски криминал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски очекува голем интерес за овој најнов проект.

Слика: Странски служби