СК014: имам нов кур

03.05.2016 01:34
СК014: имам нов  кур

Следејќи еден совет на Аристотел, човек може да почне од дигресија: се потсетив како му зборував на еден пријател, пред многу години, за тешкотиите да се преведе на француски зборот „курчење“ - акцијата кога агентот се прави важен, а истовремено на оној наспроти му е досадно, очајно досадно. Има тука и некои други интересни последици. Друг пат. Мене мотивацијата да се задржам и мислам некое време на тоа што е курчењето, „како такво“, ми беше последица од исчитување на некој проширен речник, каде што налетав на толкувањето дека во Месопотамија глаголот за женската желба за секс беше изведен од гледањето во курот на присутните машки. Пред многу години, се подразбира.

Дигресијата помината, да почнам: одамна сум фасциниран со предисториската уметност и некогаш би сакал да можам да направам документарец за насилството во палеолитската уметност, поточно за нејзиното статистички забележително отсуство. Посебно ме интересираа фигурите што ѝ припаѓаат на така наречената „мала уметност“, понекогаш наречена portable art, паралелна на ѕидното сликарство кое го гледаме во пештерските, тендициозно и анахроно наречени „галерии“.

Во текстовите за една населба во Анатолија, денес се вика Чатал Хојук, напуштена пред седум илјади години, налетав на една пракса која ми е, барем досега, најблиска од сите уметнички „дејанија“ - фигуринките од глина, неоштетени, ги фрлале на ѓубре. Некој вид disposable art. Можеме да нагаѓаме зошто, но ми се чини дека не ги чувале и не им придавале некаква посебна вредност затоа што, меѓу другото, секој можел да си направи нови. На ова допрва ќе се задржам и се надевам ќе имам последици.

Нешто сосема спротивно од пропагандата на монументалната уметност кадешто во камен се напишани зборовите на еден хетитски крал (сега не го гуглам, па нека иде живот, Хатушили нека биде) - внимание: „имам глава од калај, нови гради, имам нов кур.“

Овие од Чатал Хојук, една „агресивно егалитарна заедница“ ми се пример за џезери пред времето, за ефемерни улични поети, за вид на уметност којшто влегува во системот на невидливите уметности, меѓу кои ги вбројувам пријателството и соработката - да не речам „кооперацијата“.

А Скопје 2014-та ли беше, е новиот кур на уанаби кралот, ама со постар од стариот нов, кур. Некаква збрка. И некако очајно сето тоа.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото