Хвалоспеви за Царот Николај

04.05.2016 03:48
Хвалоспеви за Царот Николај

ДИКТАТОРСКИТЕ ЧИЗМИ НА ЦАРОТ НИКОЛАЈ

Десет години години се сторија, како се мрзнеа страдните во сенката на неговите диктаторски чизми. Пропиште Македонија! Десет години, а тој ниту за миг не ги соблече... Како постојано да сакаше околината да ја мириса закоравената туѓа крв, неизмолените правдини, стравот и неуслишените молитви кои како реа се ширеа од тие негови диктаторски чизми. Кога првпат влезе во тие чизми, Николај мислеше дека во такви чизми се расте, и дека тој, иако мал и ништожен, сепак во нив ќе успее да порасне барем за еден 30-метарски споменик... но ете, се изнајдоа и ќе се најдат, се собраа и допрва ќе се собираат, дојдоа и уште многу ќе дојдат... но на крај ќе ја повлечеме водата и тој ќе потоне; ќе го отпоздравиме со ‪#‎ЗбогумНикола.

И тогаш на крај, кога на сила ќе му ги соблечат чизмите, за да босоног го упатат на долгогодишен пресрој во соодветна казнено-поправна институција, дури тогаш ќе му ја откријат тајната. Ќе се открие зошто диктаторот ниту за миг не се одвојувал од своите чизми. Ќе се открие дека под чизмите се усмрделе неговите селски калчинки, калчинки од кои толку многу му било срам. Дека на калчинките има сосема инаков народен вез, кој слави некој друг народ, а не народот на кој се повикувал и народот кој го повикувал да застане во негова одбрана. Уште еден само ликум, само на збор јак, само од лична корист, голем Македонец, а од внатре, а на чорапите, а во сржта, мало расипано кој знае што. Кога ќе му ги соблечат чизмите ќе засмрди, ќе засмрди на подлизурко, на тужибаба, на плачко, на последна клупа, ќе засмрди на повторувач, ќе засмрди на дркаџија кој постојано бил избегнуван дури и од најгрдите женски, ќе засмрди на фалкутет во Прилеп, ќе засмрди на статист, ќе засмрди на неодболувани, неостварени амбиции, ќе засмрди на сето онаа што тој сакал да го прекрие со постојано прскање со праведничка крв и гланцање со украдени народни пари на неговите чизми, пар диктаторски чизми... подарок од мама Наде, кога прв пат го избрале за премиер.

КОГА НАШИОТ ДИКТАТОР ЗАСОНИЛ

Никола, познат и како македонскиот пинчест диктатор, седнал врз порцеланскиот престол во мермерната просторија од белиот дпмнеовски дворец, до која просторија дури и царевите како тој сепак мора да одат пешки; седнал и се замислил. Се замислил па засонил.

„Три дела, три дела... ама еден ден ќе биде цела!“

Додека нашето Царче дремело, од негде никаде, преку 5-метарската ограда, зад кордонот специјалци и полициски тенкови, дури и невидлив за камерите и неслушлив за прислушните уреди на братучед му Змијалков, сосема од од зад грб, на Никола наш, му влегол Народ, му влегол и му ја повлекол водата.

Така сега нашиот Никола е на цевоводно - реконосен пат кон ИСКОНСКО СПОЈУВАЊЕ СО ЕГЕЈОТ!

П.С. Сакам бајки во кои протагонистот на крај сепак ќе си го оствари сонот.

Слики: Александар Ковачевски

ОкоБоли главаВицФото