Одбележување на Светскиот ден на разноликоста во МКЦ

04.05.2016 05:42
Одбележување на Светскиот ден на разноликоста во МКЦ

На 6 мај (петок) 2016, во 19 часот во МКЦ, Разноликост | Diversity меѓународно е-списание за книжевност и уметност ќе се претстави пред пошироката јавност со промотивен настан, по повод одбележувањето на Светскиот ден на разноликоста.


- 19:00 ч. групна хуманитарна изложба, координатор: Тони Димитров

Разноликоста ќе биде присутна преку ликовната уметност, ќе биде поставена групна хуманитарна изложба кадешто ќе може да се разгледаат дела од повеќе автори.

Свои дела ќе изложат: Владимир Лукаш, Ѓорѓе Јовановиќ, Миле Ничевски, Ѓорѓи Митревски, Сали Ертунч, Иван Трајчев, Марко Јанев, Анастасија Величковска, Марија Сотировска, Тино Сотировски, Maja Kировска, Тони Димитров, Тома Димовски, Маја Џеповска.

- 19:30 ч. Аукција на уметнички дела, водител: Горјана Јордановска

Учесниците на групната изложба ќе донираат по едно свое дело, со цел да му помогнеме на чичко Драги, човекот кој се бори со болеста и сиромаштијата

- 20:00 ч. Книжевно читање на повеќе јазици, водител: Горјана Јордановска

Младите поети и поетеси ќе ја делат истата сцена читајќи свои стихови на повеќе јазици (француски, шпански, македонски, албански, српски) со повозрасните автори.

Учествуваат: Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Ферид Мухиќ, Ана Голејшка, Васко Маглешов, Милош Б. Андоновски, Николина Андонова Шопова, Владимир Јанковски, Александар Станојков, Иван Антоновски, Жарко Кујунџиски, Владимир Лукаш, Ненад Јолдески, Владимир Мартиновски, Џабир Дерала, Марија Грубор, Иван Шопов, Румена Бужаровска, Ѓоко Здравески, Димитар Башевски, Стефчо Стефанов, Петар Андоновски, Влада Урошевиќ, Тања Урошевиќ, Шпетим Селмани, Ѓорѓе Јовановиќ, Никола Маџиров);

- 21:30 ч. Lepi Xhoni DJ set

За време на целиот настан ќе има МИНИ-САЕМ,

- поставени штандови на неколку издавачки куќи (Темплум, Или-Или, КСЦ, Антолог, Бегемот, Поетики и други)

За време на настанот ќе биде организирана и надреалистичка игра, која ќе ја координира Ања Илиева.

* * *

Разноликост | Diversity меѓународно е- списание за книжевност и уметност е предводено од група млади креативци (книжевници, преведувачи, музичари, фотографи, веб-дизајнери, лектори и ликовни уметници). Основач е Катица Ќулавкова, а правно лице Македонскиот ПЕН центар.

Преку Разноликост, посебно на младите автори, уметници, критичари и сл., им се овозможува простор кадешто слободно можат да ја претстават својата креативност, да го објават своето дело, својата мисла. Посебната категорија во е-списанието насловена како НОВИ ПОЕТИКИ брои текстови од и за млади поети, прозаисти, новелисти, музичари, ликовни уметници, модни дизајнери и др.

Дизајн на плакат: Владимир Лукаш