Најизолираниот човек на планетата

05.05.2016 04:10
Најизолираниот човек на планетата

Слава појадува и зборува со својот папагал Кеша, додека надвор непрекинато паѓа снег

Слава Коротки е метеоролог кој живее во Кодоварика, северна Русија на стражарското место на Арктикот, кој е оддалечено еден час со хеликоптер од најблискиот град.

Фотографката Евгенија Арбугаева израснала на Арктикот и случајно ја слушнала приказната за Слава, човекот кој „живее во минатото“. Таа поминала три недели фотографирајќи го во својот секојдневен живот.

Погледнете како живее Слава – екстремен метеоролог и најизолираниот човек на планетата.

Слава во својот рачно изработен чун, на Баренцовото Море

Слава пешачи кон стариот светилник во близина на метеоролошката станица во Кодоварика за да собере малку дрва за дома

Слава го набљудува снежниот пејзаж по невремето 

Радиото на Слава

Во долгите арктички ноќи Слава прави куќички од кибрит

Слава на островот Котелни

Слава набљудува од прозорецот од својата куќа додека надвор паѓа дожд

Баренцово море видено од бродот Михаил Сомов

Слава запишува податоци во својот дневник

Извор: www.theguardian.com

ОкоБоли главаВицФото