1012 hPa
59 %

17 °C
Скопје - Пон, 21.04.2025 23:01
Скопје, 5 мај 2016
Припадници од повеќе специјални единици од Министерството за внатрешни работи, со поетско читање вечерва ќе ја одбележат годишнината од упадот во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
На 5 мај минатата година, припадниците на МВР изведоа една од најсложените и најопасните акции во поновата македонска историја, упаѓајќи меѓу студентите кои ги подготвуваат своите испити и ризикувајќи да дојдат во допир со книга.
„Припадниците на МВР покажаа голема храброст и високо ниво на професионалност, доведувајќи ги и своите животи во опасност, изложувајќи се на близок контакт со книги и учебници. За ова, тие заслужуваат почит и благодарност од сите македонски граѓани“, изјави Митко Чавков, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.
Поетското читање во чест на акцијата ќе започне вечерва во 20 часот, а по книжевниот дел, ќе биде изведена и показна вежба - справување со студенти што учат по 23:00 часот.
Меѓу поетите од специјалните единици кои ќе настапат се и Столе Хитлер, Перо Лејка, Мики Хиена и Васе Рамбо.
Слики: Свирачиња