Различните лица на светот

06.05.2016 04:29
Различните лица на светот

Александар Кимушин е млад патувачки фотограф кој пред осум години се одлучил да го спакував ранецот и да тргне на пат низ светот. Како што може да се види од неговиот последен проект, неговата авантура сè уште трае.

Додека патувал низ светот, Кимушин сфатил дека луѓето за него се најдобриот и најинтересен дел од него. Посебно кога станува збор за луѓето кои живеат во далечните и изолирани места, каде што културата и традицијата сè уште се живи.

Маж од племето Боди

Постојат стотици етнички малцинства во светот. Сепак, како резултат на глобализацијата, војните, расизмот и верска дискриминација, многу од овие луѓе живеат на работ. Тие го губат идентитетот, јазикот, традициите и, во некои случаи, се соочуваат со целосно изумирање.

Самоан момче

Гледајќи како сето тоа се случува пред моите очи, дојдов до идејата за проектот насловен The World In Faces. Сакав да ја претставам разновидноста на светот во кој живееме, преку портретите на неверојатните луѓе кои го населуваат.

Жена од племето Дасанач

Доколку сите сфатиме колку оригинални и неверојатни сме ние луѓето, многу повеќе би се грижеле едни за други, би биле потолерантни кон луѓето од друга етничка припадност, религија и култура.

Ваки жена 

Во последните две години направив стотици портрети за овој проект, и планирам да продолжам понатаму. Мојот сон е да направам портрети на луѓе од сите етнички групи во светот.

Девојче од Мауританија

Девојка од племето Семај

Девојка од Шугнан

Жена од племето Хамар

Жена од племето Каро

Маж од заедницата Меитеи

Жена од племето Консо

Жена од народот Ксоса

Маж од Сахрави

Жена од племето Нјангатом

Девојче од племето Мурси

Извор: khimushin.com

ОкоБоли главаВицФото