Жената која им се спротивстави на 300 неонацисти на протест во Шведска

09.05.2016 00:14
Жената која им се спротивстави на 300 неонацисти на протест во Шведска

Тес Асплунд, која беше фотографирана со крената тупаница во знак на протест против десничарските активисти, вели дека реагирала импулсивно.

Самостојниот протест на жената која му се спротивстави на маршот на триста униформирани неонацисти стана иконична слика на отпорноста на порастот на екстремната десница во Скандинавија.

Фотографијата на 42-годишната Тес Асплунд, со тупаница крената против нордиското водство на движењето на отпорот (НМУ) во Борланж, централна Шведска, стана заразна на социјалните мрежи и медиумите во земјата.

„Тоа беше импулсивна реакција. Бев многу гневна, и само излегов на улица“ – изјави Асплунд за Гардијан. „Си мислев: По ѓаволите, тие не можат да маршираат тука! Ја имав таа енергија и адреналин. Ниту еден нацист нема да маршира тука, тоа не е во ред.“

По спротивставувањето на големата контра-демонстрација таа го фатила возот кој оди во Стокхолм и не размислувала многу околу тоа што се случило тој ден, кога фотографијата инстантно беше споделена и раширена на социјалните медиуми.

„Ова е циркус. Јас сум во шок“ – изјави Асплунд, која тежи само педесет килограми. „Нацистите се многу гневни, па можев да си дозволам и јас да бидам гневна. По ѓаволите, можеби не требаше да го направам тоа, сакам мир и тишина.“ Овие момци се големи и луди. Чувствата ми се измешани, но се обидувам да останам смирена.“

Самостојниот протест на Асплунд доаѓа во време кога екстремната десница во Шведска ги зголемува своите активности, според Даниел Пухл од Експо, анти-расистичката фондација во Стокхолм, чиј фотограф Дејвид Лагерлоф ја направил фотографијата.

„Гласовите за антиимигрантската шведска демократска партија се движат помеѓу 15% и 20%, и таа држи рамнотежа на силите во парламентот, додека расистичките чувства се поттикнати од фрагментираниот пејзаж на омраза на интернет сајтовите. Отворените антисемитски националсоцијалисти од NRM се екстремното крило на овој спектар“ – вели Пухл.

„Живееме во Европа во која екстремно десничарските идеи стануваат сè по популарни, и исто така постои реакција против нив. Ова е време во кое луѓето копнеат за нешто што ќе ја канализира нивната потреба да ѝ се спротивстават на Европа која гради граници против бегалците, Европа која веќе не може да соработува. Тес стана дел од конфликтите на нашето време“ – вели тој.

Шведските медиуми ја споредуваат фотографија со познатата фотографија од 1985 година позната како Tanten med väskan (Дамата со торба). Сликата, фотографирана од страна на Ханс Ронесон, прикажува една жена која со својата чанта удира скинхед од партијата Нордиски Рајх.

Сликата на Асплунд во многу аспекти е помоќна во денешниот шведски контекст. Ние сега живееме во мултикултурно општество, па логично е тоа да го направи црна жена“ – вели Пухл.

Шведското граѓанско општество работи напорно за да им најде дом на десетици илјади бегалци од Блискиот Исток и Азија кои бараат азил во земјата од минатата година, но имаше серија на подметнати пожари на местата во кои се сместени бегалците, а владата ги зајакна азилантските политики .

„НРМ е позната по таргетирање на антирасистите“ – вели Асплунд. „Имам пријатели кои биле нападнати од нив и кои мораа да ги променат своите адреси. Добивав повици во текот на ноќта од приватни броеви, анонимните јавувачи викаа по мене. Тешко е да се зборува за омразата“ – вели таа.

„Се срамам поради тоа што го имаме овој проблем. Полицијата вели дека ова е демократска земја, така што тие можат да демонстрираат. Но, тие се нацисти! Тоа е ужасно.“

Асплунд, која себеси се опишува како афро-швеѓанка, е невработена и активна во групата Afrophobia Focus. Шведска од минатата година е идентификувана од страна на ОН како земја која има проблем со афрофобијата, дефинирана како непријателство кон луѓето со потекло од Супсахарска Африка.

"Расизмот во Шведска е нормализиран, тука е во ред да се кажуваат навредливи расистички зборови“ – вели таа, присетувајќи се на тоа како некој човек во метрото ја употребил расната клевета додека викал по неа и ѝ велел да побрза. „Но, никој не обрна внимание на тоа. Мислев дека Шведска во 2016 година ќе биде многу поотворена, но нешто се случи“ – вели Асплунд.

„Се надевам дека од фотографијата ќе излезе нешто позитивно. Можеби она што го направив може да биде знак дека можеме да промениме нешто. Ако една личност може да го направи тоа, може секој!“

Извор: www.theguardian.com

ОкоБоли главаВицФото