Уште една герилска акција во Скопје: Партизаните протестираат!

09.05.2016 14:01
Уште една герилска акција во Скопје: Партизаните протестираат!

Поминаа седумдесет и една година откога светот со заеднички сили се ослободи од институционализираниот фашизам. Поминаа седумдесет и една година откога светот одбра слобода наспроти деспотизам и тиранија. За да се извојува таа слобода светот положи досега невиден број жртви. Цената, пак, која нашето општество ја плати во борбата за ослободување од фашистичкиот окупатор е огромна и е рамна на 25.000 жртви кои го дадоа својот живот за идните генерации да живеат во слободно општество.

Но денес, седумдесет и една година по победата, фашизмот повторно се појавува во светот и повторно ги загрозува човековите слободи и права. Нашето општество денес исто така се покажа дека не е имуно на фашизмот и повторно по седумдесет и една година во своето устројство поприми фашистички тенденции. Наша приоритетна општествена обврска денес е да ставиме крај на таквите тенденции и повторно да се избориме во нашето општество да се вратат слободарските и демократски вредности.

Извор: Мугра

ОкоБоли главаВицФото