9 Мај - Ден на победата над фашизмот

09.05.2016 16:07
9 Мај - Ден на победата над фашизмот

Формирање на 51 Македонска дивизија, Широк дол (беровско), 17.10.1944

 

На 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, приредуваме мала компилација со дел од досега објавени прилози на Окно посветени на антифашистичката борба, промислувањето на фашизмот како феномен, како и неговото повампирување во денешно време.

 

Статут на пролетерските народно-ослободителни ударни бригади

Пролетерските бригади се гаранција за успешна борба против окупаторот и неговите домашни слуги, за успешна борба против националното поробување и економското угнетување. Оттаму службата во овие бригади е најголема чест за секој поединечен борец.

Ацо Караманов
Деца на борбата

Нека нè прегрнат копнежите големи
стапуваме со младешки жар
наместо со свеќи, со пушки бојни
окитен ќе биде нашиот олтар.

Трајче Грујоски
Говорот на борецот кој власта не сака да го чуе

11-Октомвриската ноќ во 1941 година е нераскинливо поврзана со Слободата, со копнежот, со вистината, со правдата. Во таков контекст почетокот на Востанието ќе остане вечна тема. Најпрвин во меморијата на луѓето, како дело на духовното богатство, на успесите и предизвиците. Науката, посебно историографијата веќе го кажа својот суд.

Македонски народни партизански песни

Доста е ропство,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти!

Првата Македонско-косовска бригада во февруарскиот поход, 1944

Тодор Атанасовски
Илинденците се бореа во НОБ - ВМРО беше со фашистите!

Внатре се најде начин стратегијата на НОВ да биде прифатена за сите. ВМРО, не само што не беше пасивна, туку се впушти во директна колаборација со анекторите и фашистичките окупатори - ВМРО ја одбра другата страна.

Тодор Атанасовски
Историјата не ја прават спектаклите, туку ја замаглуваат!

Денешната меѓународна позиција и внатрешна состојба на Македонија се далеку под оној придонес што народот на Македонија го даде во НОВ. За жал, ние тоа подниво денес го прифаќаме. Некои се обидуваат таа борба да ја претстават како претполитичко движење, други да ја обезвреднат на поинаков начин.

Атиф Кујунџиќ
Изборот е само активниот антифашизам

Не можете да ги убедите фашистите дека не се во право! Својот пораз го доживуваат како повод и оправдана причина за одмазда. И приказната продолжува!

Uncomradely Behaviour
Заборавената антифашистичка олимпијада

На заборавените алтернативни олимписки игри во Барселона во 1936 година учествуваа 6000 спортисти и спортистки од 22 земји, кои беа организирани како алтернатива на фашистичките игри на Хитлер. Еден ден пред свеченото отворање шпанската војска направи државен удар и со тоа го означи почетокот на граѓанската војна, а народната олимпијада беше откажана.

Партизанска болница во Кавадарци, 1944

Зошто сум антифашист?

Потсетуваме на одговорите на прашањето „зошто сум антифашист“, кое пред околу една година екипата на AntiFa им го постави на Дарко Рундек, Едо Маајка, Дино Шаран (Лету Штуке), Срѓан Јевѓевиќ (Култур Шок), Рамбо Амадеус и на книжевникот Мишо Мариќ.

Каролине Кула
Воспитани за отпор

Улм 1939. Во глуво доба ноќе, еден младич се прикрадува до зградата на судот. Неколку дена пред тоа, неговиот најдобар пријател Отл Аихер одбива да пристапи на Хитлер-Југенд и поради тоа не му е дозволено да полага матура. Обидот на овој ноќен активист да биде солидарен и во знак на протест да истапи од Хитлер-Југенд е игнориран. Сега ќе им покаже на сите што мисли за тоа.

Југославија во Втората светска војна (фотографии)

Прв дел, втор дел, трет дел, четврти дел, петти дел, шести дел.

Умберто Еко
Прафашизам

Во прафашизмот не постои борба за живот, напротив, животот се живее само поради борбата. Поради тоа, Пацифизмот е колаборација со непријателот. Тој е лош, бидејќи животот е непрекината борба. Тоа пак води кон армагедон комплексот. Бидејќи непријателите мораат да бидат победени, нужна е една решителна битка по која движењето ќе завладее со светот. Таквото "конечно решение" имплицира одново едно раздобје на мир, ново златно доба, што му противречи на начелото на непрекината војна. Ниеден фашистички водач никогаш не успеал да го реши тој проблем.

Македонски партизани во Скопје, ноември 1944

Мирослав Грчев
Совети за препознавање на македонскиот фашизам

Не дозволувајте, затоа, очигледната фашизоидност на режимот на ДПМНЕ да ве залаже дека сепак се работи само за нефункционална демократија. Со полна верба следете ја методологијата на големиот Маркс, која гласи: ако личи на фашизам и се однесува како фашизам, не се будалете, тоа е навистина фашизам!

Никола Гелевски
Мистеријата на Хитлер

Психолошкото разоткривање на „мистеријата на Хитлер“ можеби би помогнало во разоткривањето на потеклото и на други авторитарни водачи и диктатори. Некои психијатри тврдат дека секој лидер поминува низ барем едно напнато преобразувачко искуство кое тие го нарекуваат „искушение“. Тоа е моментот кога потенцијалниот лидер ќе се издигне или ќе се скрши.

Александар Литовски
Меѓу фашизмот и идиотизмот

Нè вклештија меѓу фашизмот и идиотизмот, нè прегазија со „преродбата“, нè заразија со национализмот и квазипатриотизмот, па нè втурнаа во лошиот и кретенски фашистички филм на предавници и патриоти, на мали и големи Македонци, на албанофили и албанофоби...

Маја Исовиќ
Дали е победен фашизмот?

Фашизмот, односно неговата манифестација во одреден историски период, навистина е победен, меѓутоа, многу теоретирачари сметаат дека опасноста која ја носеше фашизмот и понатаму е присутна, бидејќи неговите корени се наоѓаат во човековата психологија и од тоа е невозможно да се побегне.

Мала школа за антифашизам

Вечерта на 8 декември 2013, на повеќе значајни и симболички места во центарот на Скопје, група граѓани ја спроведe акцијата „Мала школа за антифашизам“. На плакатите залепени пред повеќе важни објекти и институции, на македонски и албански јазик беа упатени пораките „До кога со фашизмот?“ и „Не, не ја сакам Македонија“.

Македонски партизани на Козјак; меѓу нив: Христијан Тодоровски Карпош, Методија Андонов Ченто и Вера Јоциќ, 1943

Задачата на народно-ослободителните партизански одреди

Партизанските одреди се нарекуваат народно-ослободителни и затоа што тоа не се борбени формации на која било политичка партија и група – во конкретниот случај ни на Комунистичката партија, без разлика на тоа што комунистите се борат во првите редови – туку се борбени одреди на народите на Југославија во кои треба да се борат сите родољуби способни за вооружена борба против окупаторот, без разлика на политичкото убедување.

Фурио Хонсел
Да се види фашизмот

Денес, како вистински европски граѓани, граѓани на антифашистичка Европа чиј слоган е „единство во различноста“ - што е антитеза на замислата на нацифашистичка Европа, мораме да кажеме: „сите ние сме словенечки партизани“.

70 години антифашизам - специјално издание по повод 11 октомври 2011

Распеани скопјани - Интернационала

Интернационалата во изведба на Распеани скопјани а собирот по повод 70 години антифашизам во Градски парк, Скопје, на 11 октомври.

Ко челик сме ние - марш на Третата македонска бригада

Стара снимка од песната „Ко челик сме ние“, која е марш/химна на Третата македонска бригада. Настапот е изведен на приредбата одржана на 27 ноември 1975 година во Големата сала на Домот на синдикати во Белград.

ОкоБоли главаВицФото