Шкотска - земјата која повеќе од половина од електричната енергија ја добива од обновливи извори

10.05.2016 11:12
Шкотска - земјата која повеќе од половина од електричната енергија ја добива од обновливи извори

Шкотска, која се наоѓа во северниот дел на британскиот остров, постигна една од интерно најзначајните цели: во 2015 година, 57,7% од електричната енергија ја добила од обновливи извори, значително надминувајќи ја својата проценка за таа година, кој изнесувала 50%.

Со овој успех Шкотска е на добар пат да оствари еден навистина амбициозен план: нивната желба е до 2020 година целокупната електрична енергија да ја добиваат исклучиво од обновливи извори, со што во догледно време би се ослободиле од зависноста од фосилните горива.

Гледајќи го Обединетото во целина, уделот на Шкотска во целокупното зголемување на енергијата од обновливи извори во 2015 година е 26,4%, на Англија 65%, додека остатокот го сочинуваат Велс и Северна Ирска. Овој процент добива вистинска димензија дури кога ќе се земе предвид големината на Шкотска, односно Англија: со 5,3 милиони жители, населението е десет пати помало, а воедно има и помал БДП од јужниот сосед (46.000 американски долари БДП по глава на жител во споредба со 51.000 долари БДП по глава на жител).

Обединетото Кралство денес генерира 25% од енергијата од обновливи извори, што е голем напредок во споредба со 2014 година, кога тој процент изнесуваше 19,1%. Најголем дел од таа енергија доаѓа од соларните фарми.

Иако посиромашна од многу други држави, многу подобро го искористува она што ѝ стои на располагање

Според проценките на Интернационалната агенција за енергија, до 2020 година, една четвртина од светските енергетски потреби ќе бидат подмирени од обновливи извори. Освен наведениот пример со британските острови, има цела низа држави кои сакаат да станат независни од фосилни горива.

Мароко, на пример, гради голема соларна фарма, која до 2020 година ќе ја обезбедува целата земја. Шведска го зголеми буџетот наменет за обновливи извори на енергија за фантастични 800%, и планира да стане првата земја во светот целосно независна од нафта. Костарика, во изминатата година дури 93% од своите потреби за енергија ги обезбедила од обновливи извори.

А каде во оваа приказна е нашата земја?

Извор: znanost.geek.hr