1023 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 08:59
Еееј човеци, ЕЛЕМ распишал тендер од 14 милиони евра за парк со пауни, мајмуни и диви коњи у сред Аеродром?! Па добро бе, пичка ли ви материна, путе ли ви мамино психопатско, дали си ги пиете бре вие редовно лековите?!
ЈСП гради тркало од 17 милиона евра на Камени мост, МЕПСО гради жичари на Шапка, АЕК гради кула од 100 метри на Водно од 16 милиони евра, ЕЛЕМ сега ќе гради зоолошка од 14 милиони евра у Аеродром... Има ли бре кормилар во бродов, има ли пилот во авионов, ало, маму ви јебем нездраву, бараби едни?!
Наместо да се штеди затоа што веќе се презадолживме како Грчка, или ако мора да се инвестира тоа да се прави во основни капитални инвестиции кои значат сериозно решавање на проблеми, на пример за ЈСП тоа е трамвај или метро, за МЕПСО се нови далноводи, за ЕЛЕМ е нова хидроцентрала, нови ветерници, нови сончеви колектори затоа што сонце имаме и за извоз, а пола Македонија е ебена пустина, затоа увезуваме брашно и сточна храна од Србија, ние бре се глупираме до сто и назад!!! Увезуваме струја и со тоа фрламе девизи по 100 милиони евра годишно, а ваму се понашаме како богати Арапи! Што ви е бре на вас?!
Како бре на ова да реагираш после една милијарда евра лупната во споменици и фонтани и фасади у сред Скопје, како?!
Ова бре е збирштина на лудаци и манијаци, еден да имаше со здрав памет, ова е све отидено у пичку мајчину со паметот, од аздисаност, богатство, луксуз, милиони и милијарди веќе умот им штукнал и тотално се мрднале. Овие не треба во Идризово, овие треба правец у едно посебно крило у Демир Хисар, напред таблата да се закачи ВМРО-ДПМНЕ и таму да отседнат едно 10 години, нема друг спас!!!
П.С. Пред неколку дена бев во моето село Шопско Рударе, Кратово. Нема пат до селото, значи не можеш да се пробиеш до селото, мора да користиш секира или сабја како во филмовите со Тарзан, а камо ли таму да се вратиш и да живееш! Еден багер бре ги мрзи да пратат да направи само прооден процеп низ шумата, да не збориме за пат посипан со песок или не дај боже асфалт! Оф, мајко моја, како наебавме со вас, ццц...
Извор: Мактел
Слики: Свирачиња