(Видео) Едо Маајка ја поддржа Шарената револуција

11.05.2016 01:37
(Видео) Едо Маајка ја поддржа Шарената револуција

Шарената револуција доби поддршка и од босанскиот рапер Едо Маајка, кој се појави на вчерашниот протест организиран од неформалното движење „Протестирам“. Во разговор за Радио МОФ направен по протестот, познатиот рапер вели дека деновиве престојува во Скопје поради снимањето на епизода од емисијата „Перспектива“, која обработува различни теми посветени на младите од балканскиот регион.

„Шарената револуција е добра за Скопје, се надевам дека ќе успеете со борбата“, рече Едо Маајка.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото подолу.