1007 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 23.01.2026 10:59
Урнисан дворец полн со павтежи (на)
сликари, птици, грундирани платна
Во него влегуваат летајќи
да остават нешто од себе
гулабот гулабовото Полок Полоковото
Исполнетото платно обоено до
прозорските рамки кои се откорнати
Хоророт вакуи еднаков е и кај гулабот
како и кај Полок но гамата е поинаква
дрипингот и импастото птицата ги прави природно
а сликарот кога ќе осмисли и му треба туба
Платното од таванот има стеснет спектар
од црна преку сиви до валкано-бела боја
и понешто перје
Сликарот гради комплементарност инспиративно
копнеејќи по птичјата храна
по птичјиот метаболизам и
по слободна греда
во урнисаниот дворец полн со павтежи.
Превод: П. В.
Борбен Владовиќ (Borben Vladović, 1943), хрватски поет и прозаист. Во почетокот се занимавал со конкретистичка и визуелна поезија, а потоа постапно се приближил до модернизмот. Наизглед едноставните, прецизни и впечатливи лирски описи од подоцнежните песни, својата убедливост и свежина веројатно ги влечат од младешката свесна рамнодушност спрема традиционалните габарити на поезијата.
Песната „Golub i Pollock“, се разбира, ја објавуваме во чест на Шарената револуција која деновиве се распрскува низ Скопје.