Шаренило пред УЈП

12.05.16 05:13

Претставуваме уште една серија фотографии на Ванчо Џамбаски од Шарената револуција. Во оваа галерија, можете да ги погледнете фотографиите од протестот одржан на 10 мај 2016.

Демонстрантите маршираа до зградата на УЈП, која беше обоена со балони полни со вода и играчки за прскање. Граѓаните порачаа дека секој ден стануваат сè посиромашни и позадолжени.

Додека на звучници се пуштаа „бомбите“ на кои се слушаат гласовите на Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски, каде разговараат за лошата состојба на буџетот, на протестот пред УЈП беше поставено и огромно пластично чоколадо, алудирајќи на фамозната реченица на Ставрески од бомбите – „Немаме за леб а трошиме за чоколадо“.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото