Шарената револуција не признава фикус аболиција

12.05.2016 13:28
Шарената револуција не признава фикус аболиција

И синоќа, на 11.05.16., Шарената револуција излезе на масовни протести во повеќе градови ширум Македонија. Најмасовниот протест беше во Скопје, каде демонстрантите се обидоа да стигнат пред резиденцијата на претседателот Иванов на Водно, но беа спречени од кордон полиција. Тие револтот го изразија фрлајќи боја врз портрет на Иванов, а се слушаа и снимки од „бомбите“ и говори.
Колумнистот Рамадан Рамадани одржа говор пред маршот „Шарена револуција против фикус аболиција“ и истакна дека „Ние не го признаваме за претседател“ Ѓорге Иванов, затоа што е избран на криминални и нелигитимни избори.
И дење и ноќе, и на дожд и на ветер ние ќе го бараме своето право, истакна Рамадани, кој ги повика демонстрантите да скандираат „Мафија на робија“.
Еве како изгледаше протестот, низ фотографии:

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото