1032 hPa
38 %

12 °C
Скопје - Саб, 08.02.2025 13:59
Скопје, 12 мај 2016
Унијата на спонтани жени на ВМРО-ДПМНЕ со кофи вода, сапун, купки и гелови за туширање денес се упати кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде во една од партиските простории го капеше лидерот Никола Груевски.
Жените истакнаа дека освен хигиената и чистотата на спомениците, тие ќе се грижат и за добробитта на лидерот на ДПМНЕ, Никола Груевски, како и за другите функционери од оваа владејачка партија.
„Освен за камењето од Порта Македонија, кои не сториле ништо лошо за да бидат прскани со боја, спонтано ќе се погрижиме и за нашиот пастир Никола Груевски“, вели една од жените, нагласувајќи уште единаесет пати дека се собрани спонтано.
„Во текот на капењето, спонтано ќе ги измиеме и гревовите на нашиот лидер, за инает на соросоидите и петтоколонашите.“, велат спонтаните жени на ДПМНЕ.
Тие спонтано нагласија дека откако ќе го искапат Груевски, спонтано ќе се префрлат на перење на неговиот Мерцедес.