Скопјани, ова со симит погачата ви е најголема глупост!

13.05.2016 13:39
Скопјани, ова со симит погачата ви е најголема глупост!

 

Албино Ќорлето и Борис Рок Пророк

Албино Ќорлето
и Борис Рок Пророк
први решија
да замавнат
кон кренатата глава
на отец Пимен
за да си ги заработат
паричките...

Курвински џелати
у уста да ги ебам
блеферска!


Жидас бре бруко куртонска!

Она кога зорле орле за пари
се правиш удрен со мокра чорапа
и ја споредуваш Македонија со Белгија
а знаеш дека не може да се спореди ни со Бангладеш!

Жидас, професор и директор на институтот ЦПРМ
кој лапа дебели грантови од ЕУ и разни фондации и организации,
на Алсат М се прави мутав и ја споредува Македонија со Белгија,
демек сме можеле како Белгија да се справиме со кризата
сами, само ако сме сакале.

Ало бре шефе, не се прави мутав,
овде си имаме работа со лудаци од суров режим,
јебала те цела Белгија и пола Данска!
Проблемот бил странци што ни ја решавале кризата?!
Па дај бре, немој да нè јебеш,
тоа е најмал проблем во приказнава!
Прашање е дали ќе можат и странците да ја решат,
можеби ќе треба и мотка да игра
и багери да се возат низ Скопје...

Омладинци у климактериум

Има дел од левичариве и пленумци
кои галамат што се пуштало балони,
било панаѓур тоа...
Овие деца - од што висат цело време
на профилот на Ванковска - станале
ОМЛАДИНЦИ У КЛИМАКТЕРИУМ!


Одгледувачите на крави, кози и овци го молат Грујо да не држи пресови во нивните бачила

Не му е лесно на Грујо деновиве:
за што и да се фати од тоа веќе ништо не бива,
се руши како кула од карти!
Изборите два пати од бетон му ги прават сол,
наместо економски раст
гувернерот и кум ставре се борат да го спасат денарот од девалвација,
се спрема поништување и на аболицијата
а згора на сè како капак на сè сега дознаваме
и дека голем дел од стадото крави
пред кои држеше прес
умреле од болеста што деновиве беснее во краварските фарми.
Дознаваме дека умрела и кравата што стоеше баш до Грујо
кога овој ја објаснуваше кравјата лактација!

Дознаваме дека сега одгледувачите на кози и овци
молеле Грујо да не оди да држи прес во нивните бачила
зашто мислат дека екс премиерот носи баксуз и несреќа!


Скопјани, ова со симит погачата ви е најголема глупост!

Драги Скопјани,
срцка сте вие
ама морам да ви кажам:
ова со симит погачата
ви е најголема глупост
историски земено
од антика па до денес.

Го сјебуете целиот мит
за македонска вкусна храна
и целата логика на универзумот:
да набуташ бурек у кифла е очајно,
само на пијан и малце неинтелигентен
и многу многу гладен
без осет за вкус и разум
може да му текне.

За ова дури мора
да му се извините
и на човештвото.

20 години купувам бурек во Скопје
и секогаш кога пред мене
некој ќе нарача симит погача
се грчам и се свивам
како некој да дави
зајак у кофа со вода
пред мои очи.

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото