Вмровски смрдибуби

14.05.2016 13:47
Вмровски смрдибуби

„Земјата е плоча!“
„Aмериканците не летале на месечината!“
„Евреи самите го измислиле холокаустот, и сами себе се убивале по конц-логори!“ „Оваа власт не краде народни пари!“ – НЕ КЕАДЕ, ТУКУ СУШИ! -
„Грујо е роден за премиер, ма тој е роден за цар и со самото тоа, тој е спасител на Македонија!“
„РУСИТЕ ЌЕ НÈ СПАСАТ ОД ЗЛОБНАТА, АСИМИЛИРАЧКА ПОЛИТИКА НА АМЕРИКА“…
...„МКД. Е ЕКОНОМСКИ, СЛОБОДАРСКИ, МЕДИУМСКИ предводник во ЕВРОПА“... и др... И сè дебилизам – до небулоза.

Ама ај, тој таквиот, Миленко, или ај, и тие таквите - Јанко, Талес, Белокрилестиот Пандов... сите тие редум (и по список) се будали сами по себе и сами за себе; колку за себе - уште повеќе и за гојазноста на сопствените банкарски сметки.

АЈ ТИЕ, ТИЕ ... НО ВИЕ! ВИЕ! В ... И ... Е !!!

Вие кои конзумирате телевизор на принцип „види – лапни – голтни!“ ВИЕ!!! Вие обични вмровски смрдобуби?
ВИЕ!
Што сè уште љубите кама и револвер.
Што „Трева ќе пасете, ама за ДПМНЕ ќе гласате!“.
Вие кои мислите дека Грујо ве вработил, дека Грујо ви дава пензија. Дека Грујо ви изградил споменик на Аце Македонски.
Дека Грујо не преговарал, договарал и се договорил за промена на името на државата! Дека Грујо сè уште живе во еднособен стан со мама Нада!
Сите вие што верувате и во литро крв би се кладеле дека Грујо е спасител и ја спасува Македонија од: клетите Шиптари, алчни Американци, историјо-апашките Грци, комуњари и удбаши, цркво-крадливите Бугари, италијански чадори и белгиски велосипеди, особено од Италијанците - што само за да нè понижат - направиле „овошна салата“ и ја именувале „македонска“, и така таа „САЛАТА МАКЕДОНИЈА“ поради изворедниот вкус и квалитет, а секако и поради подолгата традиција во однос на нашата земја, со тек на време станала многу попозната во светот, светската култура, како и во светскиот шоу-бизнис, што вопшто не било тешко, бидејки за конкурент ја имала нашата земјичка (татковиничка) - која ретко кој ја видел, чул за неа, а скраја да е да некој ја има вкусено :)

Кај запревме во набројувањето, мои вмровски смрдо-буби, значи, драги мои. Нè штити Грујо и од: Мрачни сили, Намуртенковци, Џедаи, Криптонци, Гремлини, Штрумфови, Армијата на 9-те мајмуни, од Телетабиси, Нинџа-желки, како и од останати традиционални, МИЛЕНИУМСКИ, противници и злотвори на мајка Македонија, татко Македон, бабата Ма и дедото Му и нас дечињата - македонскиот народ!
(Кој не верува во ОВА, може ова да го прочита во пророштвото на АСУР, запишано од АРИСТОТЕЛ, ЗАПИШАНО ВО ПРИСУСТВО НА ГОЛЕМИОТ АЦЕ И НЕГОВАТА СИРИСКА ПРИНЦЕЗА.

(П.С. За ова барам СУБВЕНЦИЈА - барем дупла од на Канго!)


За да ве заинтересирам самите да го прочитате ЗАГОВОРОТ против МАКЕДОНИЈА потпишан од целиот СВЕТ против НАС, ќе споделам со вас само еден мал, но клучен цитат од тој „ЗАГОВОР“:


ВМРОВСКА СМРДИБУБА

ШТО ЈЕ ВИШЕ КЛЕВЕТА И ЛАЖИ
ГРУЈО НАМ ЈЕ МИЛИЈИ И ДРАЖИ!

ШТО АКО Е КРАДЕНО, ПРИСЛУШКУВАНО, АПСЕНО И СРЕД ПЛОШТАД -УБИВАНО!
КОГА СЕТО ТОА ШТО ГО ВИДОВМЕ Е - СЕЧЕНО, ЛЕПЕНО; КРЕИРАНО И МОНТИРАНО!

БРАТУЧЕДИТЕ ЗАСЛУЖУВАТ ДА ЖИВЕАТ КО БУБРЕЗИ ВО ЛОЈ
ОТИ НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА - НÈ ЧУВА ЛИЧНО ТОЈ!

СИТЕ НИЕ СМЕ СПРЕМНИ ДА ГИНЕМЕ ДО ПОСЛЕДЕН - БАШ!
АКО НЕКОЈ ПИПНЕ ВО ПАРИТЕ И ИМОТОТ НА МИЈАЛКОВ НАШ!

(Уф! Стоп! Не е шала - тагата наша ви ја прераскажувам сега јас.
Има ли спас?! Има ли спас?! Има ли... Или се побројни од нас?)

Гарантирам дека во Македонија, моментално, има околу 150.000 дпмнеовски смрдибуби, чиј мозок функционира идентично исто – чипувано! ИСТО – токму така како што е запишано во овој запис – како што се римува во ова песна (ВМРОВСКА СМРДИБУБА)!

И?!

Ајде сега, драги мои ментални хигеничари, објаснете ми како може да се избања, да се изриба еден ваков дпмнеовски мозок, мозок на вмровска смрдибуба; како?

Дали тоа вопшто е можно? Како е тоа можно?! Кога врз тие нивни мозоци им се посрале елитните добошари на царот Николај! Им се испоганиле врз кефалото, им повратиле внатре во черепот. Од черепот им направле ќенеф, селски чучавец, преполн со имбецилни хипотези (хипотези од најнебулозен тип, а наменети за луѓе под црвената линија на избаждарената скала за интелигенција, од 60 IQ па надолу...), хипотези или поточно речено - „тези безвези“, за немеродавна, скарана со логика, извитоперена историја. Потоа - бескрупулозни лаги за територии од блиската околина, што никогаш, па ни во саркастичен виц не ѝ припаѓале на Македонија - Не ѝ припаѓале, ниту пак некогаш ќе ѝ припаднат! НИКОГАШ! Ни денес, ни во дамнината, ни утре, ни кога и да е - освен во болноумното мегаломанство на оние кои ниту на еден друг начин не можат да се почувствуваат ГОЛЕМИ, освен кога за туѓото мечтаат дека е нивно, дека е... и фрка со тоа „е“ и тие станале ГОЛЕМИ. Ама тоа „Е“ - не е!!!

И ех, и ах, и ало !
Детето останало пак – мало!
А пак ако околу црквичето имаш мал ДВОР,
не значи дека во ЦРКВАТА нема да ти запее „ангелски“ хор!

Ајде сега, драги мои ментални хигиеничари, објаснете ми како може да се избања, да се изриба, еден ваков дпмнеовски мозок, мозок на вмровска смрдибуба; како?

Другите што се околу нив, да ги обвинат дека ни украле нешто што никогаш не било наше.

Како дозволивме? Како ни се случи? Како не забележавме на време!? Како се накотија!? Ги имаше ли, ги имаше ли од порано, ги имаше ли од порано но успешно се криеа по “гомнарските цевкик“... 150 000, еве да се и 200 000... а пак тие, дури и без срам , без перде, велат: “Не има 450 000 вмровски смрдобуби!“

450.000 вмровски смрдобуби?

Па што прават бе пола милион смрдибуби у една земјичка како Македонија!?

Што прават? Смрдат! Пишуваат контра-песна: Тоа е сега – ИН! Тоа е добар – СПИН!

КОМУЊАР не моли БОГА, А БРАНКО – ШМРКАЛ ДРОГА!

Фотографии: Ванчо Џамбаски