Прв мурал во реакторот на Чернобил

15.05.2016 02:13
 Прв мурал во реакторот на Чернобил

Австралискиот уметник Гвидо ван Хелт и украинскиот режисер Гео Лерос преку заедничка соработка го создадоа првиот уличен уметнички проект во рамките на заштитеното подрачје на Чернобил во Украина.

Фотореалистичниот мурал го наслика уметникот Гвидо ван Хелт користејќи ја како модел фотографијата на фотографот Игор Костин, направена за време на нуклеарната катастрофа во 1986 година. Краткото видео за создавањето на муралот го снимил Гео Лерос.

На овој начин уметниците ја одбележуваат 30-годишнината од трагедијата и му оддаваат почит на Игор Костин кој меѓу првите ги документирал последиците од несреќата, со фотографии кои пропатуваа низ светот.

Неколку години по трагедијата Костин се враќал во градот Припјат и во фабриката и ги документирал активностите на санацијата која следеше по несреќата, жртвувајќи го сопственото здравје, со цел да пренесе порака на светот за опасностите од нуклеарните катастрофи. Игор Костин загина во сообраќајна несреќа во 2015 година.

Муралот е насликан со дозвола на локалните власти и се наоѓа во внатрешноста на реакторот број 5, кој за време на несреќата сè уште бил во изградба. Ван Хелт работел во заштитна униформа, поради радијацијата која ја бележи Гајгеровиот бројач и која останува трајна последица на оваа област.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото