Ре-креирање на библиската приказна за Адам и Ева

15.05.2016 13:16
Ре-креирање на библиската приказна за Адам и Ева

Создавање

Фотографот Адриан Мекдоналд отсекогаш бил воодушевен од библиската приказна за Адам и Ева. Тоа го инспирирало да создаде серија фотографии кои претставуваат една необична реинтерпретација на библиската приказна. Како создавач на уметничка фотографија често имал недоумици околу начинот на претставувањето на субјективноста и објективноста.

„Создавам уметност ниту за себе, ниту за поеднинечни или линеарни перспективи, туку за нејзиното толкување да биде резултат на она што гледачите ќе го видат во моите дела врз основа на презентираните факти, да биде тоа објективно видување. Се разбира, знаев дека ќе дојде ден кога моето претставување на уметноста ќе се соочи со некаква пречка, ќе се создаде некаков ѕид и јас ќе треба да одлучам дали ќе се вратам назад или ќе го срушам тој ѕид и ќе преминам низ него“ - вели Мекдоналд.

Свесност

Првиот голем проблем со кој се соочил овој фотограф било донесувањето на одлуката за тоа како ќе ги претстави Адам и Ева. Без разлика на расата која ќе ја избере за да ги претстави, тој сфатил дека сепак ќе постојат луѓе кои нема да бидат задоволни со неговата претстава, но знаел дека со тоа можам да се сноси. Решил да направи некои истражувања во однос на тоа прашање, за полесно да ја одреди најсоодветната раса на која би ѝ припаѓале неговите Адам и Ева.

Разбирање

Адријан дознал дека многу од научно поткрепените статии укажуваат на фактот дека Адам немал темна боја на кожа, а Ева имала изразено светла боја на кожа. Некои дури алудирале на можноста дека тие имале светло кафеава боја на кожа, одреден ген кој варира и од кој можат да се создадат мноштво раси, бидејќи не постои можност и двајцата да имале бела боја на кожа лица или црна поради тоа што секвенцата на гените не би можела да создаде раси / бои на кожата кои ги имаме денес.

Жена

„По неколкучасовно истражување си помислив, што правам? Расата и не е некаков проблем овде, нема да има нијанси, но дозволив утврдените идеи на ефектот кој треба да се постигне да бидат филтер на моите мисли и мојата уметност, нешто што никогаш порано не ме интересирало. Ги затворив прозорчињата на мојот интернет пребарувач и ѝ се вратив на мојата студија“ - вели фотографот. 

Утеха

Си мислев: „Ова е уметност, и таа мора на некој начин да биде претставена. Црна, бела, кафеава, жолта, зошто е тоа толку важно? Зошто мора да бидеме сигурни? Сите ние припаѓаме на една раса и тоа е човечкиот род, без разлика на бојата на кожата, ширината на носот и текстурата на косата. Но, и покрај тоа што бев свесен за овие работи, знаев што ме мачи, се плашев дека некои набљудувачи на овие дела, истите ќе ги протолкуваат негативно и ќе го одвлекуваат вниманието од пораката која сакам да ја пренесам.“

Откритие

Пораката секогаш доаѓа на прво место, сè друго е само подготовка за тоа. Адриан ги прифатил сите последици и одлучил да го оствари замисленото. Откако проектот бил завршен, ги објавил првите неколку фотографии на Инстаграм и секако следеле контроверзиите кои ги очекувал: „Зошто Адам е црн, зошто Ева е бела?“ Сето тоа отишло предалеку и во различни контексти. Поголемиот дел од публиката бил огромна поддршка, но неколкумина биле негативно настроени.

Исполнетост

Во тој контест Адријан Мекдоналд вели: „Клучот во процесот на создавањето на уметноста не е во тоа да им удоволите на луѓето, бидејќи во тој случај тоа би било одраз на потсвеста, нешто што му било наметнато на вашиот ум. Уметноста е слободата на изразување, умешноста да создавате со човечноста како ваш компас и да ги одбирате вашите битки во согласност со суштината на вашата порака. Јас ја одбрав мојата порака и целата таа борба навистина вредеше.“

Љубопитност

Доверба

Илузија

Занес

Страв

Изгубеност

Извор: www.boredpanda.com

ОкоБоли главаВицФото