1015 hPa
59 %

16 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 08:59
Опкружена со џагор од луѓе
мојата тага,
бесрамно изложена
како голо тело на пазар на робови
без каков било заклон,
чека откуп.
Времето им тече пријатно и брзо
додека купуваат само пробрано и проверено.
Гледам како останувам
последен експонат.
Нелагодата преминува во страв,
ќе ме дадат
бадијала.
Препев: П. В.
Диана Буразер (1953), по образование математичарка, е хрватска поетеса со само шест стихозбирки. Склона кон јазичните игри и досетки, скржава во изразот и лексиката, изразито сугестивна и мошне шармантна. За своите песни повеќе пати е наградувана.