Цврстата рака на Фејсбук

16.05.2016 09:27
Цврстата рака на Фејсбук

Марк Зукерберг веќе господари со интернетот преку домашните компјутери и мобилните уреди. Сега сака поголема контрола над компанијата, а акционерите се подготвени да му удоволат. Големата вест по објавувањето на кварталните резултати е дека компанијата сега заработува повеќе пари, има повеќе корисници и пласира повеќе реклами – и тоа реклами кои на огласувачите им носат профит. Бројките се големи. Бројот на корисници се зголеми од 1,44 на 1,65 долари.

Не така одамна, Фејсбук беше во можност петпати да го зголеми бројот на корисници на годишно ниво. Тоа веќе не е можно, бидејќи на планетата нема доволно луѓе. Број на корисници веќе не може да ни двојно да се зголеми, затоа што нема доволно луѓе со пристап на интернет, што делумно ја објаснува филантропската иницијатива на компанијата, преку програмата Internet.org да обезбеди евтино поврзување на интернет во земјите во развој.

Зголемувањето на бројот на корисници е добра работа, но тоа не е главната причина за апсолутната доминација на Фејсбук. Вистинската причина е начинот на кој корисниците денес пристапуваат на оваа социјалната мрежа – со помош на своите мобилни телефони. Пред неколку години, во 2009 година, преминот кон мобилните платформи беше голем предизвик за Фејсбук. Како што во јануари оваа година, забележа аналитичарот Бен Томпсон, компанијата имаше апсолутен примат на домашни компјутери, а само 35 милиони корисници на мобилни уреди - не многу повеќе од 30 милиони евра, колку што имаше Твитер.

Но управата на Фејсбук го увиде тој проблем и сите сили ги фокусира на развојот на мобилните апликации. Патем, за секој случај започнаа серија на набавки со кои едноставната социјална мрежа ја претворија во General Electric на нашето време: ги купија Инстаграм, WhatsApp и Oculus и дадоа понуда од три милијарди долари за Snapchat, која беше одбиена. Во ретроспектива, овој период на купување беше важен пред сè поради тоа што компанијата даде доволно простор за прегрупирање во од. Купувајќи ги најголемите конкуренти, Фејсбук доби време кое е потребно за преминот на мобилните платформи да го изврши на најдобар можен начин, што и се случи.

Компанијата разви нови форми на рекламирање, кои на огласувачите им овозможуваат да ги бираат корисниците врз основа на локација, движење, па дури и расна припадност – извинете, „етнички афинитет". Заштитниците на приватност се побунија, но корисниците сè повеќе ги отвораа добро насочените реклами. На тој начин сè подолго остануваа на сајтот. Благодарение на дополнителните напори на компанијата да ги задржи кај себе, просечниот корисник денес троши педесет минути на ден со Фејсбук, Месинџер и Инстаграм.

Ги укинаа линковите кои водат до надворешни сајтови со вести и ги заменија со „инстант статии“ - текстовите се исти, но се наоѓаат на серверите на Фејсбук, се прикажуваат од Фејсбук апликациите и често сервираат реклами. Истото се случува и со видео содржините од моментот кога Фејсбук агресивно ги промовира своите видео материјали на сметка на конкурентите како што се YouTube и Vimeo.

Благодарение на овие активности, приходите на компанијата од рекламите на мобилните уреди се зголемија во првиот квартал за 57%, од 3,3, на 5,2 милијарди долари, што значи дека заработката по корисник во овој квартал изнесувала 3,32, во однос на минатогодишните 2.5 долари. Компанијата има големи трошоци, па добивката во конечниот збир изнесува 1,51 милијарди долари. Тоа е трипати повеќе од минатата година, што објаснува зошто инвеститорите имаат високо мислење за нејзините бизнис резултати, кои се поповолни дури и од кварталниот приход кој го оствари Apple, нешто повеќе од 50 милијарди долари - но во надолна линија.

Фејсбук сето тоа го постигна под водство кое е концентрирано во рацете на еден човек. Основачот и извршен директор Марк Зукерберг има пресудно влијание на управувањето на компанијата и додека постигнува вакви резултати, инвеститорите сигурно нема да му се мешаат во работата. Но, Зукерберг сега бара уште поголема контрола. Тој е сопственик на огромниот пакет акции од „класа Б“ кои носат десет гласови во интерните дебати во компанијата, за разлика од акциите од „А класа“, кои даваат само еден глас. Команијата во кварталниот извештај предлага нова поделба на акции на три-на-еден, со која акционерите на Фејсбук за секоја акција која веќе ја поседуваат, би добиле две дополнителни акции без право на глас.

Со таквите акции без право на глас може да продолжи да се тргува без страв од губење на контролата, што е посакуван аранжман за Зукерберг, кој изјави дека до крајот на животот, 99% од своите акции од Фејсбук ќе ги донира во добротворни цели. Доколку планот биде одобрен, им објасни тој на акционерите, „јас и понатаму ќе имам контрола како основач и ќе можеме компанијата да ја развваме на долг рок, а Присцила (Чен, сопругата на Зукерберг) и јас претходно ќе почнеме да даваме пари за финансирање на значајни проекти.“ Ако Зукерберг некогаш се откаже од „активното управување“ на Фејсбук, гласачката структура веројатно ќе се врати на некоја поконвенционална форма на организација, но судејќи според досегашните деловни резултати, тоа не е ден кој ќе ги израдува акционерите.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото