Aрктичкиот мраз напукнува - Северниот Пол потопол од Европа

16.05.2016 10:53
Aрктичкиот мраз напукнува иако допрва е месец мај, Северниот Пол потопол од Европа

Евидентирани се фрактури на мраз на Арктикот во регионот северно од Гренланд, а научниците веруваат дека ова е крајно необична појава за овој период од годината.

Иако допрва е месец мај, арктичкиот лед веќе почнал да се топи, а научниците како Марк Серезе, директор на Центарот за мраз и снег во Колорадо (NSIDC), изразуваат одреден степен на вознемиреност поради симптомите кои укажуваат на алармантни последици.

„Според мене напукнувањето на мразот го потврдува постоењето на сè потенката и послаба ледена покривка“ – изјавил Серезе за Mashable. Компјутерскиот модел на движење на температурата во следните десет дена предвидува повисоки температури на Арктикот кои во просек ќе бидат повисоки од оние во поголемиот дел од Европа.

Во принцип, Арктикот оваа година се затоплува двојно побрзо од остатокот од северната хемисфера на која настапи пролетта. Тоа е последица на кругот на злото, односно ехото кое создава маѓепсан круг. Топењето на ледот е предизвикано со отворањето на поголема површина на морето кое потоа апсорбира поголема количина на топлина која повторно ја зголемува брзината на топењето на мразот.

Последните податоци на NSIDC кој редовно ја следи дебелината на мразот на Арктикот и на Антарктикот, покажуваат дека топењето на мразот на Северниот Пол почнало дури еден месец пред вообичаеното време.

Моменталната состојба на Арктикот ја зголемува загриженоста дека во септември би можела да биде забележана рекордно ниска дебелина на ледот, дури помала од онаа која беше забележана во септември 2012 година.

Извор: www.klix.ba

 

ОкоБоли главаВицФото