1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Утрово Кралот
ме избра мене.
Му седам крај нозете,
ме гледа мило
зборува работи за кои знае дека сакам да ги слушам.
Ги мрази моите непријатели,
кои трпеливо го чекаат својот момент
на неговото внимание.
Восхитува неговата вештина
покорни и прилагодливи
да нè држи во своја близина.
Со движење на левата рака
дава едвај забележлив знак
и жонглерите
ги земаат реквизитите
одобрени за употреба
тоа утро.
Се обидуваме да заземеме удобни позиции
во означените фотелји.
Претставата започнува.
Стаписано ги следиме
разнобојните тркалезни предмети
кои се вртат во воздухот,
менуваат висина,
раздалечината од
сигурните раце
на оној што ги фаќа.
Сè е веќе видено.
Сè предвидливо.
И веќе не разликуваме
што е драж,
а што страв.
Препев: П. В.
Диана Буразер (1953), по образование математичарка, е хрватска поетеса со само шест стихозбирки. Склона кон јазичните игри и досетки, скржава во изразот и лексиката, изразито сугестивна и мошне шармантна. За своите песни повеќе пати е наградувана.