1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 04:59
Илјадници граѓани и во понеделник (16.05.2016) излегоа на улиците на СКопје, протестирајќи против одлуката на режимот да организира избори во севернокорејски стил - со само една партија учесничка.
Граѓаните и овој пат го започнаа својот марш од пред зградата на СЈО, а потоа се упатија кон Собранието и кон Владата. Со рачен катапулт беа упатени десетици балони кон зградите во кои се сместени узурпираните институции, а беа ишарани и улиците со порака „не можете да ја избришете шарената револуција“.
Фотографии: Ванчо Џамбаски