1017 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Нед, 16.02.2025 06:59
Скопје, 18 мај 2016
Бидејќи бетонот се покажа како недоволно цврст материјал со сомнителен квалитет, во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гради своите ставови од стиропор и гипс-картон, изјави Илија Димовски на денешната прес конференција одржана пред седиштето на партијата.
„Дури и да се одржеа избори на 5 јуни, како што најавувавме, се покажа дека бетонот не е доволно квалитетен материјал, со оглед на тоа дека претходно веќе ги одложивме изборите неколку пати“, рече Димовски.
Тој објаснува дека материјалот попуштил и во други бетонирани ставови и одлуки на партијата, што на долг рок може да ги доведе во опасност членовите на партиското раководство.
„Поради овие проблеми, решивме во иднина да ги градиме ставовите од стиропор, гипскартон и од едно што личи како да е мермер, ама не е мермер“, открива Димовски за Пара вести.
Извори од партијата кои сакаат да останат анонимни тврдат дека раководството на партијата ја разгледувало можноста како материјал да се користи и пластелинот, но ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да ја коментира темава за Пара вести.
Слика: Свирачиња