Учителка ги претвора клупите на учениците во инспиративни писма

20.05.2016 01:20
Учителка ги претвора клупите на учениците во инспиративни писма

Учениците од едно основно училиште на кои, како и на секој ученик, им била потребна мотивација за претстојните тешки тестови кои ги очекувале, истата не ја нашле напишана на табла како што тоа обично се прави. Наместо тоа, овие ученици мотивацијата, инспирацијата и поддршката ја нашле на своите работни маси.

Наставничката од Вудбури на своите ученици им напишала инспиративни пораки директно на нивните клупи пред да почнат четиридневните напорни тестирања.

„Учењето е вашата супер-сила!“, напишала наставничката Чандни Лангфорд која им предава на петооделенците во основното училиште во Видбури, на клупата на еден од своите ученици. „Не постои лифт кој води кон успехот, мора да се искачите по скалилата!“, стоело испишано на клупата на некој друг ученик.

„Голем дел од моите деца беа нервозни од помислата дека ако не го поминат овој тест со добри резултати, нема да можат да продолжат во следното одделение. Чувствуваа голема вознемиреност во врска со тоа“ – изјавила Лангфорд. „Мислев дека ова ќе биде симпатичен гест кој можеби ќе ги охрабри и ќе им помогне да се ослободат од стравот и притисокот.“

Фотографиите од клупите постирани на страницата на Фејсбук се споделени повеќе од 10.000 пати и се исполнети со коментари со кои луѓето покажуваат дека се восхитуваат на обидот на наставничката да ги охрабри своите ученици. Ученичката Џулиса Гомез коментирала дека е малку нервозна во врска со почетокот на тестирањето, но пораката од нејзината наставничка навистина ѝ помогнала да се опушти и да го надмине стравот.

„Кога ја прочитав пораката, стравот исчезна“ – изјавила Џулиса. „Знаев дека всушност би можела да го направам тоа.“ Друг ученик изјавил дека пораката го мотивирала да го даде најдоброто од себе.
„Се чувствував како да можам да направам сè“ – рекла Емили Кориган. „Сите се расположија и почнаа да се смеат. Мислам дека беше навистина кул тоа што таа го направи за нас.“

Лангфорд изјавила дека идејата ја добила од Pinterest,од некој друг учител. Таа рекла дека пораките се поврзани со „растот во начинот на размислување“, стратегија за учење која ја користела уште од јануари, во нејзината училница со 19 студенти. Пораките биле напишани со користење на суви маркери кои се бришат пред учениците да почнат со тестирање.

Извор: www.680news.com

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото