1020 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 05:59
Скопје, 20 мај 2016
Актерката Јелена Жугиќ повеќе не е директорка на Театар „Комедија“, туку е прераспределена како командант на стрелачкиот вод „Трагедија“, специјална единица за справување со ненасилни демонстранти.
Станува збор за новоформирана единица, која треба да се пресмета со сите демонстранти што фрлаат со боја, како и со сите што имаат различно мислење од она пропишано во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сè се случи спонтано. Гледајќи ги протестите на Шарената револуција, ми текна дека би било супер да пукаме врз демонстрантите со гумени куршуми. Не е лошо да му извадиме око на некој од моите колеги кои секој ден се на улиците“, изјави Жугиќ за Пара вести.
Таа ни откри дека пукањето со гумени куршуми е само прва фаза од функционирањето на стрелачкиот вод „Трагедија“, кој потоа ќе пука со боева муниција.
„Треба конечно да се воведе ред во земјава. Ќе го прифатиме предлогот на мојот пријател Бобан Нонковиќ за користење боева муниција и очекуваме резултатите да дојдат брзо“, рече Јелена Жугиќ, порачувајќи дека земјава би била вистински рај доколку секој престапник се казнува како што заслужува.
Бесилка за погрешно паркирање, сечење рака за доцнење на работа, вадење очи за неплаќање радиодифузна такса се само дел од предлозите за подобрување на животот во Македонија кои Жугиќ ги наведе на крајот од разговорот.
Од пред Театарот „Комедија“, каде што го водевме краткиот раговор, Јелена Жугиќ замина на полицискиот полигон во село Долно Полтрониево, каде со својата единица ќе ја одржи првата вежба, која го носи името „Харибо мозок“.
Слики: Свирачиња