1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 22:59
На протестите кои се одржуваат во Бразил против корумпираната владејачка елита, се вклучија голем број уметници и културни работници. Тие окупираа повеќе државни институции искажувајќи го својот револт.
Една од окупираните згради беше онаа во која е сместено Министерството за култура на Бразил, кое бразилските власти го укинаа, доделувајќи му статус на дел од Министерството за образование.
Во зградата на Министерството, група музичари во знак на протест изведоа своја верзија на операта „Кармина Бурана“ од Карл Орф, упатувајќи жестоки пораки против новиот претседател Мишел Темер.
Извор: AJ+