Писмо до гумената Жугиќ

21.05.2016 01:31
Писмо до гумената Жугиќ

Бојата на Шарената револуција била напад врз уметноста, и - пази - слободниот театар, според љубителката на гумени работи Јелена Жугиќ.

Знаеш ли, гумена, што е напад врз уметноста? Тоа што некој ќе го поистоветува твоето име со театарот. Напад врз уметноста е тоа што ти си поставена за директорка на уметничка институција. А Брехт (се надевам си го учела на факултет) вели дека театарот не е само огледало на реалноста, туку и чекан со кој таа треба да се обликува. Твојата актерска игра поведена од твојата неталентираност, политичка и уметничка неписменост и животни фрустрации - репродуцира само банални работи. Ти си веќе потрошена и немаш што да ѝ понудиш на публиката. А не сум ни сигурен дека некогаш си имала.

Велиш дека бојата исто така била напад врз плејадата актерски имиња кои придонеле за театарот. Па тие се секојдневно на улица, тие се тие што ја фрлаат бојата. Затоа што се свесни дека еден уметник, кога ќе престане да бара повеќе слобода и секогаш да бара подобра и попрогресивна иднина, тој престанува да биде уметник, колку и да е талентиран. Твоето име на идните генерации актери ќе им послужи да научат какви не смеат да бидат.

Со тебе се согласуваме само во една полуреченица. Дека уметноста е вечна. Да, вечна е. Таа е тука на улиците и си се живее себеси. И уметноста ќе те надмине тебе. Ќе има правда, ќе има мир и ќе има уметност!

П.С. Инаку, монструозни ти се лајковите на коментарите на твојот пост каде што малоумници повикуваат на насилство, посакуваат смрт и тортура на луѓе.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби