1016 hPa
51 %
25 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 20:59
Со ударен транспарент „Мафија на робија“, граѓаните и минатиот четврток маршираа низ скопските улици.
Поддржувачите на Шарената револуција застанаа пред Театар Комедија и со големи букви на булеварот напишаа порака „Куршумите живот значат, даско една“, алудирајќи на директорката на овој театар, Јелена Жугиќ, која преку својот Фејсбук профил ја повика полицијата да употреби гумени куршуми против демонстрантите.
Протестот потоа продолжи кон Собранието, а минувајќи пред зградата на Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за медиуми, „шарените револуционери“ фрлија балони во разни бои и јајца. Боја фрлена со рачен катапулт повторно доби и Собранието.
Атмосферата од протестот ја пренесуваме преку фотографиите на Ванчо Џамбаски.