Константиновски: Би го рушел тоа што ја деградира современата архитектура

21.05.2016 13:57
Константиновски: Би го рушел тоа што ја деградира современата архитектура

Би го рушел тоа што е направено, што ја деградира современата архитектура во Скопје, истакна архитектот Георги Константиновски, во врска со реакциите дека фрлањето боја врз објектите од проектот „ Скопје 2014“ од страна на учесниците во Шарената револуција, е сквернавење на културното наследство. Според него, тој проект претставува срам за архитектите и бришење на многу значаен историски период за нашата земја.

Целата светска стручна јавност ни се смее за градбите од проектот „Скопје 2014“. Тој е срам за државата. Треба да се засрамат архитектите што се продадоа за пари, а произлегле од нашиот Архитектонски факултет, вели новиот почесен член на МАНУ, архитект Георги Константиновски. Тој смета дека не е сквернавење што демонстрантите од Шарената револуција врз тие градби фрлаат боја.

Јас мислам дека воопшто не е скверрнавење. Дури јас би бил и поостар, дури би го рушел тоа што е направено, што ја деградира современата архитектура во Скопје. Тоа е бришење на еден многу значаен историски период за нашата земја и ова што се прави сега е тотално недозволиво. Цел свет се смее, цел стручен свет, вели академик Георги Константиновски.

Авторот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, на меморијалниот комплекс „АСНОМ“ во Пелинце и добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, смета дека Шарената револуција ќе остави белег врз она што не е архитектонски издржано.

Шарената револуција ќе остави белег на она што не чини. И тоа е добро. Тоа ќе зборува дека народот не го признава тоа, дека архитектите не го признаваат тоа и секој што ќе дојде, ќе се праша зошто е ова бојадисано? Ќе знаат зошто, смета академик Константиновски.

Извор: Телма

ОкоБоли главаВицФото