НАСА потврди дека странските инвестиции во Македонија се гледаат од Месечината

23.05.2016 14:41
НАСА потврди дека странските инвестиции во Македонија се гледаат од Месечината

Скопје, 23 мај 2016

Американската национална вселенска агенција објави спектакуларно откритие! Имено, од НАСА велат дека странските инвестиции во Македонија можат да се видат од Месечината.

Економските експерти и астронаути кои неодамна се вратија од мисија на Месечината, потврдија дека на подрачјето на југоисточна Европа се забележува огромна структура со оџаци, хали и хангари, која се гледа од вселената.

„Разгледувајќи ја површината на земјата, астронаутите во Македонија забележале чудни згради и објекти, во голем број. По нивното враќање во базата, ги анализиравме фотографиите од ова подрачје и утврдивме дека станува збор за илјадници фабрики во кои работат барем 40 милиони луѓе“, велат од НАСА.

На прашањето дали Кинескиот ѕид сега има конкуренција, од НАСА потсетија дека приказната дека ѕидот се гледа од месечината е само мит, но човештвото сега конечно доби артефакт со кој може да се гордее и кај вонземските цивилизации, кои можеби токму во моментов ја набљудуваат Македонија и посакуваат еден ден да се вработат во една од фабриките во Македонија.

Адаптирано од: www.njuz.net
Слика: Свирачиња