Храбра новинарка се фрли пред Груевски и со своето тело го спаси од незгодно прашање

24.05.2016 11:31
Храбра новинарка се фрли пред Груевски и со своето тело го спаси од незгодно прашање

Скопје, 24 мај 2016

Една неименувана новинарка од МРТВ денес се фрли пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на неговиот говор на отворањето на пакетче смоки во Смоимирово, и со своето тело го спаси од незгодно новинарско прашање.

Острото прашање го поставил еден новинар на Пара вести, и тоа одело директно кон Груевски, а судејќи според сè, веројатно би го погодило ако храбрата новинарка не се фрлела и самата не го примела ова прашање.

„Го слушнавме прашањето на новинарот на Пара вести 'дали сметате дека аболицираните криминалци од вашата партија треба засекогаш да се повлечат од политиката и да одговараат заедно со вас' и сите веднаш легнавме“, изјави еден од присутните новинари.

Груевски скаменето стоел пред прашањето кое итало кон него, кога одеднаш, речиси од никаде, се појавила храбрата новинарка која инстинктивно реагирала и се фрлила пред премиерот.

Според првичните информации, новинарката е во стабилна состојба, но и понатаму е во состојба на шок и го повторува одговорот на прашањето.

„Новинарката неповрзано зборува 'аболицираниот Заев', 'странски служби', 'избори на 5-ти јуни'“, вели нашиот извор од брза помош.

Извор: www.njuz.net
Слика: Александар Ковачевски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото