Ебати режимот!

24.05.2016 14:39
Ебати режимот!

На професорот Калајџиев не му отсекле пет години затвор и педесет илјади евра, казнен пакет што би го добил пред една или повеќе години, туку 50 евра, замислете, мочани педесет евра или, во замена, спонтано бришење на Триумфекалната капија на поразите!
За учество во протести!
Хахаха!
Ебати режимот!
Да ѝ го начукам на диктатурата која има ваква, памучна, да не речам, „Памперс“, казнена политика.
Готови се!
Ова се нивните претсмртни грчеви!
Обвинителите им се тресат како лилјаци, судиите им се успаничени пред најавата на новото време, медиумските талибанци бараат спасоносни контакти низ Европа, нивната најпозната чавка знае дека многу скоро ќе биде повикан на информативен разговор на некоја гола жица на далноводот кон Бугарија.
Еве уште еден пример:
Раководителот на „Мемоар Кафе“ е повикан на информативен разговор во Беко, претресуван бил до гола кожа, одземен му е телефонот за да се провери кој ги организирал свирките на „Белизе бенд“ со песни во кои се навредува неговото височество и добил забрана за повторно собирање од тој вид.
За време на распитот му биле пуштани песните на бендот за да му стане појасно за што се товари, пишува на својот профил Ирена Ристиќ.
Значи, нема „дагау“, па суд, па Шутка, па Идризово, има само одвратна парада, непријатна парада, блеферска парада!
Два ката од катната гаража „Тодор Александров“ ќе ги преуределе во кабини за информативни разговори со капацитет од 850 души на час!
На тој начин ќе бидат информирани уште колку малку живот им останува!
Хахаха, стока!

****

Полицијата не е државна институција!

Слушам дека и Уранија Пировска била повикана на информативен разговор. Би сакал во врска со тие претсмртни грчеви на режимот да кажам три работи:

Прво, органите што повикуваат на некакви информативни разговори не се државна инстанца, тие се приватна полиција на Злосторничкото здружување на власта, сеедно дали се свесни за тоа или се изманипулирани! Тие можат да останат во тоа својство, можат да ја напуштат службата затоа што денес или утре ќе разберат дека и службата и тие се во директен судир со своите уставните и законски овластувања, како и со моралните и професионални стандарди на полицијата или можат да ја извадат целата служба од злосторничките прегратки на смртните непријатели на Македонија!

Второ, никој нема законска обврска да се одзива на информативни разговори, едно затоа што тие разговори ги организира нелегална и, во основа, непријателска структура и второ, затоа што комплетниот институционален, нормативен и општествен амбиент е деформиран имено со идеја да се растури Македонија.

Трето, можеме да одиме на тие разговори и да се заебаваме, да ги исмејуваме, да им плаќаме по педесет евра итн., или да ги оставиме да вршат насилно приведување и да сфатат дека ако тоа се случи, на слободомислечките луѓе и на борците за ослободување на Македонија од внатрешната окупација на вмро/дуи нема да им преостане ништо друго освен да заминат во илегала или да пружат отпор со сите расположливи средства, сè до конечното совладување на клетиот непријател!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња