(ВИДЕО) Пировска: Со ваквите методи на заплашување нема да се спречат граѓаните да излегуваат на протести

25.05.2016 10:14
(ВИДЕО) Пировска: Со ваквите методи на заплашување нема да се спречат граѓаните да излегуваат на протести

Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, осомничена за фрлање боја на МНР, изјави дека не се чувствува виновна за тоа:

„Признав дека сум фрлала боја, и притоа изјавив дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го сторила и сметам дека е тоа мое легитимно право како граѓанин на оваа држава, да го изразам револтот за она што ни се случува во државата и за политиките на оваа криминална власт.“

Пировска изјави дека одбила да го потпише платниот налог и дека ќе продолжи да протестира и да го изразува револтот:

„И понатаму ќе продолжам да протестирам и ќе продолжам да го изразувам својот револт и не мислам дека со ваквите методи на заплашување ќе се спречат граѓаните да излегуваат на протести.“

Пировска укажа дека МВР постапувала селективно и дискриминаторски во однос на други случаи и дека не е соодветно луѓето да бидат повикувани во МВР за прекршок:

„Луѓето не смеат да бидат обесхрабрени. Мора да продолжиме, секој ден во 6 саат пред СЈО, до крај.“

Извор: Слободна Македонија