„И јас сум хулиган/ка!“

26.05.2016 11:21
„И јас сум хулиган/ка!“

Протестот на Шарената револуција одржан на 25 мај 2016 беше под мотото: „Се пријавувам, и јас сум хулиган/ка“. Пораката беше инспирирана од информативниот полициски разговор на кој дента беа повикани Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет и професорката Мирјана Најчевска, како и уште две активистки. Претходно во полиција беше викнат и професорот Гордан Калајџиев. Полицијата изрекува казни од педесет евра за фрлање боја за време на протестите, но Најчевска тој ден фрли боја и врз самата полициска станица Беко, каде што беше повикана на разговор.

Пред собранието зборуваа Мирјана Најчевска, Ирена Стеријоска и Роберт Алаѓозовски. Тие им порачаа и на министерот за внатрешни работи Митко Чавков и на целокупната криминализирана фамилија на власт, дека стравот веќе не живее овде.

Роберт Алаѓозовски, како претставник на СДСМ, на вчерашниот митинг пред собранието лично му се обрати на Никола Груевски: „После 10 години, јасно е, Никола со тебе е готово. Ти можеш само да одбереш како ќе си заминеш. И знај дека ќе биде и полошо, ама за тебе.“ Според Алаѓозовски, помина времето кога Груевски можел со затворања, тужби и казни да се пресметува со неговите критичари: „Затворањето и насилството е веќе неостварливо. Ние не ти се плашиме!“
Пред да дојдат пред собранието демонстрантите положија цвеќе пред импровизираниот споменик на Тито, одбележувајќи го некогашниот југословенски ден на младоста.

На протестот присуствуваа и челните луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.




 

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото