Потресно сведоштво на поранешен соросоид: Ме тераа да трчам бос по жежок „Манифест“

26.05.2016 13:04
Потресно сведоштво на поранешен соросоид: Ме тераа да трчам бос по жежок „Манифест“

Скопје, 26 мај 2016

Откако вчера поранешниот премиер обелодени скандалозни откритија за тоа како се врбувале и индоктринирале млади луѓе кои потоа се претворале во соросоиди и сороспии, редакцијата на Коза Ностра стапи во контакт со поранешен соросоид кој не само што ги потврди ставовите на Груевски, туку целосно ја разобличи шемата на претворање патриоти во Соросоиди. Поради чувствителноста на ситуацијата и поради заштита на момчето, нашиот соговорник го нарековме Поранешен Соросид, и тоа што ни го кажа звучи претерано опасно.

„Вистина е. Сѐ она што го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е чиста вистина и јас неколкупати имам присуствувано на такви чинови. Беше 2011 година кога една пријателка тогашна моја симпатија ми се јави и ми рече да одиме на некоја обука во Охрид на која ќе имало доста млади луѓе од цела Македонија. Бев многу возбуден што ќе поминам викенд со неа па одма се спакував и отидовме во Охрид. Јас тогаш не ни знаев дека тоа е некаква обука организирана од Сорос, иако во прво време ми беше чудно што сите предавачи носеа исти маици, како да се некоја секта, боже ме опрости. И сѐ беше добро првиот ден. Нешто учевме, се шетавме, јас бев стално до мојата симпатија… но вечерта нешто се смени. Сите седевме во конференциската сала и чекавме да почне ритуалот за прием, како што го нарекуваа. Јас искрено не знаев што е тоа, но мојата симпатија ми рече дека тоа е ритуалот за влез во соросовото друштво. Тогаш целиот се наежив и преплашив, но веќе беше доцна, некој го извика моето име и ме покани на главната маса. Јас збунето зачекорив и како што е ред се качив на маста а потоа скокнав низ програмата, но бидејќи не беше доволно добро, морав да скокнам пак. Откако „Главниот“ не беше задоволен од моето скокање, ми наредија да се соблечем бос додека долу наредија неколку примероци „Манифест за Македонија“ тогашната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа ги запалија а јас морав бос да трчам по нив се додека тие не станаа прав и пепел. „Така ќе биде и со ВМРО, само пепел ќе остане“ ми велеа, а потоа ме крунисаа за Соросоид од нулти степен. Ме круниса мојата симпатија која верувале или не тогаш беше Сороспија од втор степен“, потресено ни раскажа Поранешниот Соросоид.

Со ваквиот морбиден чин не престанал хоророт на нашиот соговорник. Парично награден за успешниот прием, нашиот соговорник добил задача да најде музикални момчиња и девојки и во хор да ја пеат „Шутка не ти бега Никола“ и да извикуваат „Оваа влада не чини – оваа влада не чини“ додека вртат 66 кругови околу статуата на Џорџ Сорос.

Ако ѝ се верува на оваа потресна исповед на поранешниот соросоид, се чини дека поранешниот премиер случајно или не, откри со каков пекол се соочуваат стотици млади луѓе во земјава кои за малку парички ја продаваат својата душа на мрачни сили и странски служби.

Извор: kozanostra.net