Доктор спасил 6500 бебиња, но на многу чуден начин

27.05.2016 10:31
Доктор спасил 6 500 бебиња, но на многу чуден начин

Бруклинскиот „Coney Island“, во првата половина од 20 век бил познат како град на џуџињата, дивите животни и брадестите жени. Меѓутоа, таму живеел и човек кој не само што се занимавал со забава, туку со помош на забавата спасил илјадници предвремено родени бебиња.

Физичарот по име Мартин Коуни бил познат под прекарот „доктор за инкубатори“, а имал штанд на кој ја прикажувал вистинската борба на животот и смртта. Тоа била една од најпопуларните атракции на островот.

Во тоа време за предвремено родените бебиња се мислело дека се генетски инфериорни, па за да се изборат за живот биле препуштени сами на себе.

Колку овој потфат и да делува шокантно од денешна перспектива, сепак успеал да го промени текот на американската наука.

Коуни на очајните родители им понудил експериментално решение, а заради неговата висока цена, дошол до многу необична идеја како да се покријат трошоците за лекувањето.

Во текот на 40 години, во периодот од 1903 до 1943 година, еврејско-германскиот физичар изложувал инкубатори со предвремено родени бебиња во забавниот парк кој го нарекол „Целиот свет ги сака бебињата“.

Додека на некого му било забавно, предвремено родените бебиња се бореле за живот. За да ги види, посетителот морал да плати 25 центи.

Иако сурово, ова бил единствениот начин да се соберат пари за многу скапата нега. Дневно, за едно бебе, негата го чинела 15 долари, што денес е еднакво на сума од 405 долари.

Инкубаторите биле направени од челик и стакло и имале ногалки. Од надворешната страна бил поставен апарат од кој доаѓала топла вода преку цевка која се наоѓала под креветот на бебето. Термостатот ја регулирал топлината, а друга цевка се користела за спроведување свеж воздух од надворешната средина во инкубаторот. Воздухот, за да се прочисти од бактериите и вирусите, најпрвин поминувал низ волна која била натопена со антисептик, па потоа низ сува волна.

Коуни во медицинскиот свет бил отфрлен како шоумен. Американските лекари не им посветувале внимание на предвремено родените бебиња, па тие во голем процент умирале.

Овој иноватор и пред самиот проект одржувал предавања ширум САД зборувајќи дека некои од најистакнатите личности, како Чарлс Дарвин, Исак Њутн, Наполеон се предвремено родени.

Иако, замислата на Коуни одела рамо до рамо со забавниот парк, тој се однесувал многу професионално. Имено, медицинските сестри носеле штиркани бели униформи, а објектот секогаш бил беспрекорно чист. Ако дознаел дека некоја од нив пие или пуши, веднаш ја отпуштал.

Во текот на кариерата која била долга речиси половина век, тврдел дека спасил речиси 6500 бебиња, а дека успешноста била 85 проценти, пишува Дејли Мејл.

Извор: http://novi.ba