1018 hPa
45 %
27 °C
Скопје - Вто, 16.06.2026 10:59
Кула од скапани моркови,
со големина и облик на стар шевролет
направен од овошен јогурт и портокали
со карамел озгора за да крцка,
е мојата претстава за тебе; себеси се замислувам
како преживам и се лигавам, како крава.
Превод: Благородна Богеска
Селима Хил е родена во Лондон 1945 година, но пораснала во селски средини во Англија и Велс. Работела како предавач по поезија во Лондон, а предавала креативно пишување и во разни болници и затвори во Велика Британија. Има добиено голем број награди за својата поезија.