Дијалог за еден дијалог

28.05.2016 12:49
Дијалог за еден дијалог

А - Лежејќи ја резониравме бесмртноста, а околу нас се стемни без да ја запалиме ламбата. Не си ги гледавме лицата. Индиферентно и со нежност, која беше далеку поуверлива од воодушевувањето, гласот на Маседонио Фернандез повторуваше дека душата е бесмртна. Ме уверуваше дека телесната смрт е сосема незначајна и дека смртта е најнезначајната работа што може да му се случи на човек. Јас си играв со ножот на Маседонио; го отворав и го затворав. Една недалечна хармоника ги испраќаше во недоглед звуците на Кумпарсита, таа глупава песна што им се допаѓа на многумина затоа што некој ги излажал дека е стара... Му предложив на Маседонио да се самоубиеме за да може да дискутираме на раат.

З (закачка) - Се сомневам дека на крајот, сепак, не се решиле.

А (во целосна мистичност) - Искрено, не паметам дали таа вечер се самоубивме.

Извор: Потекло на зборот - антологија на аргентински расказ, Слово љубве, Скопје, 2013

Превод: Борјана Мојсовска
Слика: Oleg Oprisco

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото