Saturday Night Fever

29.05.16 10:36

Шарената револуција вчера (28 мај, сабота) одржа протест под наслов „Информативен разговор“, иронично алудирајќи на полициските притисоци врз демонстрантите кои се дел од Револуцијата.

Протестот, иако закажан пред полициската станица Беко, се одржа на раскрсницата кај Палома Бјанка, бидејќи полицијата не дозволи пристап до полициската станица. Беше поставен штанд на кој беа шминкани демонстрантите, а присутните се забавуваа на музиката која беше пуштана од озвучувањето на комбето на демонстрантите.

Протестите традиционално почнаа пред СЈО, продолжија пред собранието, кое повторно беше шарано со катапултот, а финишираа со споменатата забава.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото