Промоција на „Бибер“, збирка кратки раскази на тема помирување

30.05.2016 00:34
Промоција на „Бибер“, збирка кратки раскази на тема помирување

На 31 мај година во ГЕМ клуб, (Стара чаршија) со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на повеќејазичната збирка раскази на тема помирување, која е плод на конкурсот за краток расказ Бибер.

Во разговорот ќе учествуваат Арсим Јонузи, автор, Ќерим Ондози, преведувач, Боро Китаноски, мировен активист, и Александра Богдановска, Бибер тим.

Разговорот ќе го води Џабир Дерала (на албански и македонски јазик, со обезбеден превод)

До сега се одржани промоции во Сараево и Белград.

* * *

Бибер е конкурс за краток расказ на тема помирување кој беше отворен од март до септември 2015 година. На конкурсот можеа да се пријавуваат кратки раскази кои се напишани на еден од следните јазици: албански, босански, црногорски, хрватски, српски или македонски.
Жирито го сочинуваа Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ. Конкурсот го организираше тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево | Белград.

На конкурсот пристигнаа 316 раскази од различни краеви на поранешна Југославија, како и дијаспората. Збирката која ја претставуваме е избор од 25 раскази.

Електронското издание на збирката може да се најде на страницата biber.nenasilje.org.

ОкоБоли главаВицФото