Полици за книги разгранети како дрвја

30.05.2016 09:58
Полици за книги налик на вистински дрвја

Дизајнерското студио BespOak Interiors со седиште во Велика Британија создава неконвенционални полици кои со своите фини форми во просторот го внесуваат мирот на природа. Користејќи дабови дрва, скулпторот Дан Ли конструира мали и големи структури од дрво, кои покрај тоа што служат како полици за книги, ги украсуваат ѕидовите со своите елегантни, иконични форми.

Како вистинските дрвја, секое парче мебел има крошна со гранки кои се превиткуваат и се размножуваат. Скулпторот Ли направил клучен пресврт со својот дизајн, гранките на дрвената полица која изгледа како вистинско дрво се израмнети и даваат можност на нив да се сместат различни предмети.

BespOak за изградбата на секоја полица користат сличен конструктивен план, но парчињата мебел се разликуваат во површинската текстура и естетика. Некои од нив нудат мазна, чиста завршница која ги прави минималистички и модерни. Другите верзии имаат кора како површина, направени се едноставно, без фина обработка, што му дава рустичен и природен изглед на просторот.

Сите производи BespOak се направени со цел да бидат прилагодени на вашите точните спецификации и со тоа тие гарантираат дека нивните парчиња мебел совршено ќе се вклопат во секој простор.

Извор: sosuperawesome.com