Графити инспирирани од старогрчката митологија

30.05.2016 11:24
Графити инспирирани од старогрчката митологија

Иако уметничкото дуо Pichi & Avo продолжија да се фокусираат на нивниот специфичен стил кој претставува комбинација од претстави на класичните грчки богови, старогрчката митологија и пишани графити, нивните дела од ѕидовите сега се преселија и врз платна. Дуото сè уште создава големи мурали кои раскажуваат митолошки приказни, а дадоа свој придонес и за фестивалот на улична уметност во Пуерто кон крајот на 2015 година, и почнаа нивните дела да ги поставуваат во галерии.

Минатиот декември тие презентираа две платна на саемот на уметноста SCOPE со галеријата C.A.V.E., кои се појавуваат како пресек на еден од нивните поголеми ѕидни мурали. Уметничкото дуо е дел и од групната изложба под наслов Rough Cast која моментално е изложена во галеријата Colab во Германија.

Извор: www.streetartnews.net

 

Слични содржини

Јавни простори / Свет / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Балкан / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото