1029 hPa
80 %

-4 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 01:59
На 31.05.2016, вторник, во 20 часот во мобилната галерија на Паркот на франкофонијата ќе се отвори изложба на Галапче Галапчев.
На изложбата авторот ќе ѝ се претстави на скопската публика со пет поставки од последните 5 години, претходно изложувани во Кавадарци. Поставките „Купувајте македонски производи“, „Деконструкција на традицијата“, „Идеологија“, „Егзодус“, „Девалоризација“ и „Ин аут“ се комбинација од графики и колажи на теми од македонското секојдневие во последната деценија, односно одговор на провокацијата на македонската реалност и преиспитување на современите случувања во општеството.