мојот италијански џемпер

30.05.2016 19:54

Го должам мојот италијански џемпер на братучетка ми;
го должам моето ново цвеќе на тетка ми;
ја должам смртта на црната дијамантска ѕвечарка
во грмушките на Џон;
ја должам на мојот кукaвичлук
мојата учтива
серија еуфемизми,
кои толку долго не успеваат
да го наречат ова, ова; и она, она, а љубовта, љубов;
ја должам мојата ненадејна, невкусна и непосакувана
таканаречена љубов,
што е повеќе некако-знаеш-што
не знаеш-кого.

Замисли си, на опашката од авионот,
едно балконче
каде можат да ги доведат луѓето и да ги седнат
и да ги остават сосема сами на небото,
за да ја зграпчат оградата,
за да се провираат низ облаците со секавична брзина
со срцето в грло, со нагон за повраќање,
но да летаат толку брзо што не можат ни да повратат –
ете таква е мојата љубов,
мојата трескавична љубов,
за тебе.

Превод: Благородна Богеска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото